Атомски ракомет во Малме: Португалија го збриша домаќинот Шведска

Репрезентативците на Португалија одиграа неверојатен натпревар и практично го нокаутираа домаќинот Шведска во првото коло совладувајќи го со 35:25.

Португалците доминираа во поголемиот дел од средбата. Влегоа подобро и полека го кршеа отпорот на Швеѓаните. Им ставија до знаење дека на ова првенство играат одличен ракомет и се меѓу најдобрите селекции.

Добрата игра и во одбрана и во напад беше гаранција за добар резултат уште на крајот од првиот дел, а на пауза се замина со 15:12.

После трите гола предност по 30 минути игра во вториот дел одбраната на Португалија стана речиси перфектна, а и голманот Кинтана бранеше одлично.

Швеѓаните не најдоа начин како да се вратат во потребниот ритам, па место да му парираат на противникот кој делуваше многу порасположено рано капитулираа. Португалците стигнаа до висока предност и имаа контрола, а имаа и 35:24 пред да примат гол за конечни 35:25.

Со ова Португалија се позиционира во игра за полуфинале, но ќе има тежок пат иако реално е бидат барем во битка за 5. позиција.

Фераз, Силва и Магаљаеш беа најефикасни во Португалија со по шест гола, додека голманот Кинтана кој беше и играч на натпреварот одбрани 11 удари на Швеѓаните. Во селекцијата на Шведска најмногу голови имаа Петерсон и Нилсон, постигнаа по четири. Голманите немаа голем придонес. Палична имаше четири, а Апелгрен три интервенции.