Се најде лекот и за сензацијата: Исланд ја запре Португалија во походот кон полуфинале!

По одличните партии во групната фаза од Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска, селекцијата на Португалија беше запрена во походот кон полуфиналето на континенталниот собир.

Португалците во претходното коло ја совладаа убедливо Шведска, но денеска загубија од Исланд со 25-28. „Рибарите“ отворија со водство од 0-4, имаа и 1-7. Како одминуваше времето така Португалија се враќаше во игра и на пауза замина со негатива од два гола, 12-14, откако Магалаеш погоди во последната секунда од првиот дел.

По пет минути во второто полувреме Ареиа даде погодок за прво водство на Португалија, 17-16, но тука запреа налетите на момците на Пауло Переира. Исланд се врати веднаш во игра и имаше плус три 19-22.

Португалиа се врати неколку пати на минус еден, но немаше сили за комплетен пресврт, па Исланд рутински го заврши мечот со конечни 25-28.

За Исланд, Смарасон даде седум погодоци, а ветеранот Петерсон стрелаше пет пати. Португалија беше предводена од Ареиа и Мартинс ком дадоа по четири голови. Сега Словениа и Норвешка имаат сигурно место во полуфиналето на ЕП.