Унгарците најдоа лек за поранешниот селектор: Миклер се разбрани и му пресуди на Врањеш

Репрезентацијата на Унгарија направи голем пресврт против Словенија и после негатива од три гола се врати во второто полувреме и стигна до победа од 29:28. Оваа победа ја врати Унгарија во трката за полуфинале така што сега во Групата 2 ќе биде уште повозбудливо и тоа до крајот.

Воедно ова беше голема победа и поради фактот што Унгарија успеа да го совлада поранешниот селектор Љубомир Врањеш.

Словенија беше подобра од стартот на средбата. Иако Бомбач, кој игра најдобро на првенството беше на клупа, сепак, Словенците знаеја како да го најдат патот до голот на противникот. Тоа даваше резултат и ја донесе Словенија во предност од 2-3 гола, па на одмор се замина со 16:13.

Мацковшек и Зарабец беа најдобрите на теренот и задаваа најмногу проблеми за противникот. Тие беа и главните виновници што Словенија имаше предност на полувреме.

Сепак, во вториот дел одбраната на Словенија немаше одговор за играта на Унгарија. Предноста почна да се топи, па веќе во 40. минута се влезе во израмнето продолжение така што немаше поголеми проблеми за да се дојде до подобар резултат.

Унгарците влегоа во последните 20 минути со резултат кој им даваше можност за добра завршница. Воедно и Миклер се разбрани кога беше најпотребно така што и тука Словенците имаа големи проблеми, па тоа отвори простор за далеку подобра игра на репрезентацијата на Унгарија.

Врањеш одлучи да го уфрли Бомбач во игра премногу доцна. Влезе во 45. минута, недоволно загреан и не можеше да ја врати репрезентацијата на потребното ниво за да се дојде до победа. Место тоа направи глупост на десетина секунди до крајот кога нападот на Унгарија влегуваше во пасивност тој заработи исклучување, па практично помогна за Унгарците да победат со 29:28.

Со оваа победа Унгарија се врати во трка за полуфинале, а има и подобар распоред до крајот од Словенија така што има и поголеми шанси за да влезе во трка за медалите.

Денеска Миклер заврши со девет одбрани од кои осум беа во вториот дел, додека голманите на Словенија Ферлин и Кастелиц заедно имаа пет. Доленец со осум гола беше прв стрелец кај Словенците, додека Банхиди од Унгарија беше најефикасен на мечот со осум погодоци.