Германија си обезбеди натпревар во Шведска после доминацијата над Австрија

Откако во саботата станаа јасни полуфиналистите од Групата 1, денеска стана јасно која репрезентација ќе игра во мечот за 5. позиција, а тоа е Германија која одигра убедлив натпревар против Австрија и славеше со 34:22.

Германците имаа доминација во вторите 30 минути откако во првиот дел Австрија се бореше и успеваше да остане во негатива која даваше надежи за игра во продолжението. Селекцијата на Германија имаше само 16:13, но тоа беше едно сосема поинакво полувреме.

Само што почна вториот дел се виде една сосема друга игра. Германците тргнаа силно и брзо се одвоија. Стигнаа до десет разлика, па ги откажаа противниците така што во финишот беше само прашање со колку гола ќе биде обезбеден триумф.

На крајот беше 34:22 со што Германија го визираше 3. место на табелата и во среда ќе има само формален дуел против Чешка за завршување на групната фаза така што ќе има дуел за 5. позиција.

Кастенинг со шест и Рајхман со пет погодоци беа најефикасни, додека Битер на голот собра 15 интервенции. Кај Австрија голманот Ајхбергер имаше шест одбрани додека Билик постигна пет, а Пош четири гола.