Шампионска игра на Норвежаните, го решија Исланд за десет минути, потоа…

Репрезентацијата на Норвешка дојде до лесна победа против селекцијата на Исланд во вториот меч од 3. коло од Групата 2 во Втората фаза на Европското првенство со 31:28. Во текот на целиот дуел предноста беше за Норвешка така што постојано во прашање беше само разликата со која овој дуел ќе финишира.

Норвешка тргна сигурно во натпреварот. За осум минути игра имаше 7:0, а во 10. минута од средбата резултатот беше 9:2 така што оваа разлика беше знак дека Исланд на овој дуел нема што да бара. Резултатот не беше единствениот репер кој најавуваше како ќе финишира овој дуел. Тука беше и играта во одбрана каде Норвежаните доминираа. Бергеруд бранеше одлично и Исланд мораше рано да капитулира.

Во нападот одеше исто така сè на високо ниво. Секој шут завршуваше во гол, а тоа го потврди и ефикасноста од 76 проценти на крајот од првото полувреме. Норвежаните имаа само шест промашени удари. На полувреме беше 19:12.

Почетокот на второто полувреме им припадна на ракометарите од Исланд. Наметнаа свое темпо, брзо успеаја да намалат и да бидат на 3-4 гола негатива. Норвежаните како да беа успани после позитивата од седум гола на крајот од првото полувреме, па дозволија средбата да добие интересен тек.

Сепак, како одминуваше времето така работите доаѓаа на свое место. Сагосен ги презеде работите во свои раце и почна да го засилува ритамот и темпото така што не дозволи да има проблеми околу прашањето за тоа кој ќе дојде до победа. Норвешка дојде до плус пет гола разлика и оваа позитива ја чуваше без проблеми, а на крајот резултатот беше 31:28.

Со оваа победа Норвешка е најблизу до полуфинале, а многу подобра слика ќе има после завршувањето на средбата меѓу Шведска и Унгарија.

Сагосен беше играчот кој одигра убедливо најдобро беше Сандер Сагосен, кој средбата ја заврши со девет погоди и беше далеку најефикасен. Зад него со шест гола беше О’Саливен. Во Исланд Гудмундсон беше најефикасниот со пет гола. Бергеруд со 13 интервенции беше одличен на голот на Норвешка, додека во Исланд Халгримсон средбата ја заврши со седум одбрани.