Чешкиот репрезентатицев Ондреј Здрахала по повредата се враќа на терените во неговата претпознатлива форма што можеме да забележиме на Европското првенство. Тој е член на екипата Висла Плоцк, но најверојатно ќе ја напушти по завршувањето на сезоната.
Полската екипа веќе го подготвува ростерот на следната сезона, но неопходно е поактивно да работи на тоа со оглед на тоа што на девет ракометри им истекуваат договорите. Ондреј Здрахала и Матеуш Горалски се двете споменувани имиња дека највероатно заминуваат од клубот.
Здрахала не е по вкус на тренерот Сабате, па доколку не се повредеа еден куп играчи во есенската полусезона, Чехот немаше да добие минутажа.
Засега единствен ангажиран ракометар од Висла е шпанецот Дејвид Фернандез, а спортскиот директор Адам Вишњевски вели дека нема причини за паника и тој веќе има план за иднината на клубот и дека разговорите со можните засилувања се започнаати.
Раководството на Висла е во постојано преговори со Матеуш Пиечовски, Игор Жабиќ и Ренато Сулиќ да ги задржи играчите, но сето тоа зависи од буџетот на клубот.