Македонскиот вицешампион Куманово овој викенд ги продолжи настапите во регионалната ВРХЛ лига на третиот турнир што се одржува во српскиот Зајечар.
Куманово загуби на првиот натпревар од босанскиот тим Груде со голем пресврт во вториот дел, откако на паузата беш 12-15.
Во второто полувреме, избраничките на Симе Симовски водеа со 20-24, имаа и напад за плус пет, но не го искористија.
Противничката голманка се разбрани, кумановки тешко реализраа во нападот и на крајот Груде ја однесе победата со конечни 28-27.
Најдобри стрелци во кумановскиот состав беа Гичевска со седум и Боризовска со шест голови. Утре Куманово ќе се соочи со составот на Зајечар.
Пред стартот на пролетниот дел во Женската лига, македонскиот тим на 24 и 25 јануари ќе одигра два пријателски натпревари со српската Јагодина.