Голманот кој беше пред трансфер во Вардар си најде клуб во Франција

Голманот на репрезентацијата на Швајцарија и Монпелје, Никола Портнер кој по крајот на минатата сезона беше на метата на Вардар кариерата ќе ја продолжи во Шамбери.

Заминувањето на Портнер од Монпелје беше неизбежно затоа што тој е во сенка на Марин Шего, хрватскиот голман ја има целосно довербата на Канаје и кога не му оди најдобро тој е избор број еден. Портнер го одби Вардар и остана верен на клубот со кој стана европски шампион во 2018 година.

Швајцарецот во Шамбери ќе го замени Јан Жанти кој ќе го засили ПСЖ. Иако го продолжи договорот со Монпелје до 2022 година сепак Портнер ќе замине со  спогодбено раскинување на договорот, а во Шамбери ќе остане најмалку до 2022 година.

Во новиот клуб Портнер голманскиот пар ќе го сочинува со Јулиен Мејер чиј договор исто така истекува во 2022 година.