Селекцијата на Белорусија и се придружи на Хрватска во вториот круг од Групата А, но во него оди без поени иако денеска славеше над Црна Гора со …
Црногорците влегоа одлично во овој натпревар и долго одеа сигурно. Првите неколку минути ги добија и најавија добар резултат и денеска после одличната игра против составот на Србија пред два дена. Сепак, очигледно радоста за таа победа била преголема, па после десетина минути игра почнаа грешките.
Ракометарите од Црна Гора главно самите беа виновни за она што им се случи на теренот во првото полувреме бидејќи во нападот лесно продадоа неколку топки. Многу брзо ги завршуваа нападите, а одбраната на Белорусија тоа го казнуваше. Играчите лесно пресекуваа, па на тој начин успеваа и да ја зголемат предноста која набрзина стана шест гола и ан одмор беше 17:11.
Овој резултат отвори шанса во второто полувреме за сигурна игра. Црногорците рано се помирија со фактот дека нема да имаат шанси на овој дуел така што не можеа ни премногу да форсираат. Белорусите имаа постојана контрола на резултатот, па без проблеми успеаја да се изборат за висока победа.
Дури во финишот и ја зголемија разликата до девет гола за конечни 36:27.
При оваа победа најефикасен во редовите на Белорусија беше Вајлупов со седум гола, а по петпати прецизни беа Шилович и Каралек. Во редовите на Црна Гора најрасположен денеска беше Липовина кој петпати ја тресеше мрежата на Белорусите, додека четири гола постигнаа Филип Вујовиќ и Васко Шеваљевиќ. Голманот Небојша Симиќ иако имаше 15 одбрани тоа не беше доволно за подобар резултат. За разлика од него, Салдаценка заврши со седум интервенции.