Екипата на Гренобл пред новогодишната пауза беше на четвртото место на табелата во Втората лига на Франција, но беше казнета од раководството на лигата со одземање на 12 бода заради неисполнување на финансиските обврски.
Казна со одземанње на три бода е изречена заради пропусти во документацијата, а девет поени се одземени од контото на Гренобл заради неисплаќање на плати според условите и законите за вработените.
Гренобл во соопштението за медиумите признава дека има проблеми со финансиите, но изрази надеж за брзо решавање на проблемот. Покрај тоа раководството на тимот има намера да ја обжали одлуката на раководството на лигата.
Одземањето на дванаесет бодови на Гренобл од четвртата позиција го симна на последното место на табелата. Во овој тим настапува македонскиот репрезентативец Марко Мишевски.