Ракометарите на Еурофарм Работник ја продолжија црната серија во регионалната СЕХа лига и загубија на петти натпревар по ред. Бодови од Битола однесе и хрватскиот првак Загреб, кој славеше со 27-28.
Голманот Никола Митревски вели дека избрзаните напади биле клучни за поразот.
„На почетокот одигравме лошо во одбраната, а потоа имавме неколку избрзани напади. Тоа беше причината за поразот и затоа што не се радувавме на бод или бодови. Сепак, квалитетно одигравме во поголемиот дел од мечот. Имаме уште два натпревари до крајот, па ни останува добро да се подготвиме и да се покажеме во подобро светлоод досега“, изјави Митревски.
Тренерот Божидар Мојсов жали што тимот загуби на ваков начин со гол разлика.
„Првиот дел го одигравме лошо. Знаевме дека противникот е млад и компактен, па очекувавме дека нема лесно да стигнеме до бодови. Публиката беше одлична и застана зад нас. Жално е што повторно загубивме на ваков начин, со еден гол разлика. Но, секако дека ние нема да застанеме тука и ќе продолжиме со развивање на овој проект“, изјави Мојсов.
За Еурофарм Работни останува да ги одигра уштедвата меча на гостински терен против Веспрем и Спартак Москва.