По завршувањето на одисејата во Лигата на шампионите, за ракометарите на Еурофарм остануваат обврските во регионалната СЕХА лига. Прв ривал од трите во декември беше хрватскиот првак Загреб, кој си замина од Битола со победа 27-28.
Хрватите подобро го отворија мечот, по десетина минути водеа со три разлика од 3-6. Избраниците на Вујовиќ го одржуваа водството од три, а Еурофарм еднаш намали на минус еден, имаше и шанса за реми кога беше 7-8, но контрата не беше реализирана.
Битолчани се мачеа со реализација во нападот, ниту не беа најсјани, но го користеа своите шанси и на пауза заминаа со плус четири, 12-16.
На стартот на вториот дел гостите играа „седум на шест“, но тоа не им донесе некој особен плус во играта. Напротив Еурофарм повторно намали на минус еден, 17-18, па 19-20, но не искористи две шанси за реми.
Тоа беше казнето, па Загреб во завршните пет минути влезе со 22-25. Радовиќ и Остроушко ја вратија неизвесноста на натпреварот, 24-25.
На минута до крајот беше 26-27, па Вујовиќ побара тајм-аут. Словенецот Храстник погоди од десно крило за 26-28, а Остроушко ги постави конечните 27-28 и за домашните немаше повеќе време да бркаат реми.
Најдобар стрелец кај Загеб беше Хорват со десет погодоци, а македонскиот интернационалец Ненад Костески даде еден погодок. Кај битолчани се истакнаа Остроушко со седум и Ѓукиќ со пет голови.