Селекторот на репрезентацијата на Русија, Едуард Кокшаров нема да биде дел од првите тренинзи на селекцијата во подготовките за Европското првенство. Тој во моментов се наоѓа во Москва каде што е на семинар за мастер лиценца.
Овој семинар е во тек и затоа тој ќе го пропушти стартот на подготовките.
„Ова не е многу пријатно, но мораше да биде така. Такви се околностите. Немаше друго време кое е погодно за исполнување на препораките и мораше да направиме вака за да се исполнат препораките на ЕХФ за лиценцирање. Останав заложник на околностите“, вели Кокшаров за handballfast.
На семинарот се наоѓа и Ирина Дибирова, која е поранешен тренер на женската екипа на Вардар. И таа е дел од околу 40 тренери од Русија кои ќе се обидат да дојдат до највисоката тренерска лиценца во моментов потребна за да се води клуб во Лигата на шампионите и национален тим.