Македонското дерби во Бундес заврши без победник

Натпреварот меѓу Балинген и Штутгарт во Бундес лигата финишираше со нерешени 25:25, па ова беше дуел на македонските репрезентативци на кој немаше победник. Талески и Пешевски имаа скромен придонес, но на крајот мораа да бидат задоволни со по еден освоен бод.

Тимот на Штутгарт беше во водство во поголемиот дел од средбата. Имаше неколку погодоци позитива, но и покрај тоа не успеа да се задржи во предност на крајот од натпреварот. Балинген имаше подобра завршница и успеа да се избори за бод на тешкиот дуел.

На овој натпревар пивотот Жарко Пешевски како гост освои бод против Талески. На теренот имаше два гола од два обиди, додека Талески средбата ја заврши со еден погодок од три шута.