Екипата на Еурофарм Работник се враќа од гостувањето во Словачка со пораз од 29:31. После надигрување кое траеше до крајот на средбата тимот на Татран Прешов дојде до нови бодови така што на крајот успеа уште еднаш да го надигра претставникот од Македонија.
Ракометарите на Еурофарм Работник ја почнаа средбата во мал грч. Татран Прешов поведе со 2:0, па имаше и 3:1, а на почетокот на 10. минута ддојде и до 6:3. Сепак, за две минути дојде до израмнување на 6:6 и тука работите дојдоа до подобро поставување на работите.
Откако Татран поведе со 7:6 следуваа три гола од тимот од Битола за предност од два гола, а ова се случи на средина од првото полувреме. Овие два гола позитива се одржуваа и во следните неколку минути, па дури беше и зголемено на плус три, 11:8 во 18. минута.
Еурофарм Работник водеше и во следните неколку минути, но домашните полека успеваа да воспостават рамнотежа и да се вратат, па во 24. минута израмнија на 13:13. Ритамот на Татран Прешов беше и понатаму посилен и брзо беа обезбедени 15:13, па до крајот на првото полувреме домашните останаа со водство, а на одмор заминаа со 15:14.
Почетокот на вториот дел од средбата донесе брзо израмнување на 15:15. Сепак, неизвесноста траеше само 2-3 минути, а потоа тимот на Татран Прешов успеа да стигне до предност од два гола која ја чуваше во текот на целото второ полувреме. Сите обиди на Еурофарм Работник да дојде до враќање во мечот не даваа резултат десет минути бидејќи домашните беа во позитива.
Во 42. минута дојде до израмнување на 22:22, а потоа и до минимално водство. Сепак, следуваше 5:0 за домашните и нивна предност од 27:23, па тука почна кршењето на отпорот на Еурофарм Работник и до крајот беше многу тешко да се направи нешто повеќе.
Иако на момент дојдоа до гол негатива и имаа 27:28, сепак, ракометарите на тимот од Битола немаа простор за пресврт, па мораа да се помират со нов пораз во Лигата на шампионите. На крајот беше 29:31 што е прв пораз за Еурофарм Работник сезонава во ЛШ со два гола разлика.
Најефикасен во редовите на Еурофарм Работник беше Остроушко со седум гола, Јотиќ имаше пет, а Ѓукиќ четири гола. Во Татран, Рабек беше незадржлив со десет гола, додека Урбан го заврши натреварот со шест гола.