Натпреварите од 13. коло од Супер машката лига минаа без изненадувања. Сите екипи кои важеа за фаворити ја оправдаа улогата.
Металург, Охрид, Пролет, Вардар јуниор и Пелистер освоија нови бодови покажувајќи дека на средбите беа во добра форма, па освоија важни бодови. Металург и Охрид веќе се во плеј-оф, додека Бутел Скопје и Пролет ќе мора тоа допрва да го потврдат бидејќи им требаат уште бодови за да се сигурни.
Традицијата продолжува и екипата на 24 Ракомет и годинава ќе ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во првиот дел од сезоната. Ние ги подготвивме најдобрите седум, а со помош на вашите гласови ќе се одбере ракометарот кој ќе биде МВП на сезоната. Ќе можете да гласате до сабота во 12 часот.
Својот глас за ракометарот за кој сметате дека бил најдобар можете да го дадете во продолжение (Доколку анкетата не ви се појави веднаш почекајте неколку секунди за да биде вчитана).
ИДЕАЛЕН ТИМ НА 13. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА
ГОЛМАН: ДАНИЕЛ ДУПЈАЧАНЕЦ (МЕТАЛУРГ)
На уште една средба голманот на Металург покажува дека е во добра форма. Уште во првото полувреме успеа да ги откаже противниците од Бутел Скопје и беше еден од најзаслужните што металурзите славеа убедливо.
ЛЕВО КРИЛО: ИВАН ДИМИТРОВСКИ (ПЕЛИСТЕР)
Во победата против Металург 2 имаше добар придонес. Беше меѓу поефикасните ракометари на екипата на Пелистер, па со тоа успеа да дојде и до место во првата седумка на претпоследното есенско коло.
ЛЕВ БЕК: ДЕЈАН КУКУЛОВСКИ (ВАРДАР ЈУНИОР)
Беше лидер во победата над тимот на Струга. Задаваше најмногу проблеми. Постигна десет гола со кои беше далеку пред другите на средбата и беше нерешлив проблем за одбраната на гостите.
СРЕДЕН БЕК: ФИЛИП КРИВОКАПИЌ (ОХРИД)
Ракометарот од Црна Гора уште еднаш покажа дека е одличо засилување за Охрид и играч кој може да реши многу работи на теренот. Беше најефикасен на гостувањето во Радовиш и одигра одлична средба завршувајќи со девет гола.
ДЕСЕН БЕК: МАРТИН СЕРАФИМОВ (МЕТАЛУРГ)
Игра во сè подобра форма и тоа се одразува и на формата на Металург. И на гостувањето кај Бутел Скопје имаше голем придонес во победата на металурзите така што успеа да заврши одлична работа, а беше втор стрелец во победничкиот состав.
ДЕСНО КРИЛО: БОБАН БЛАЖЕСКИ (ОХРИД)
Уште едно коло тој е меѓу најдобрите бидејќи е еден од најстандардните во редовите на охриѓани. Прикажа високо ниво на ефикасност и на гостувањето во Радовиш, а тоа му донесе трето коло по ред место во најдобриот тим од Супер лигата.
ПИВОТ: МИХАИЛ АЛАРОВ (ПРОЛЕТ)
На мечот против Работнички беше јасно кој ќе победи уште на полувреме, а Аларов беше еден од играчите кои дадоа добар придонес во новиот триумф. Имаше четири гола, но заврши голема работа во одбраната.
СУПЕР МАШКА ЛИГА
РЕЗУЛТАТИ ОД 13. КОЛО
РАБОТНИЧКИ – ПРОЛЕТ 23:39 (ИЗВЕШТАЈ)
Палевски 14, Темелкоски 4, С. Кочаров 4 – Џонов 9, Аларов 5, Гичев 5
РАДОВИШ – ОХРИД 22:29 (ИЗВЕШТАЈ)
Ѓорѓиески 4, Николов 4, Стојановски 3 – Кривокапиќ 9, Блажески 8, Тот 5
БУТЕЛ СКОПЈЕ – МЕТАЛУРГ 16:30 (ИЗВЕШТАЈ)
Печенковски 5, Младеновски 4, Мајиќ 3 – Шилегов 6, Серафимов 5, Лазаревски 3
ВАРДАР ЈУНИОР – СТРУГА 40:23 (ИЗВЕШТАЈ)
Кукуловски 10, Ќосевски 6, Јакимовски 4 – Симоноски 7, Крстаноски 6, Костоски 3
ПЕЛИСТЕР – МЕТАЛУРГ 2 29:27 (ИЗВЕШТАЈ)
В. Димитровски, Талевски 5, И. Димитровски 4 – Михајлов 7, Кофиловски 5, Митиќ 4
СЛЕДНО, 14. КОЛО
СТРУГА – БУТЕЛ СКОПЈЕ 25:31
ПЕТОК, 6 ДЕКЕМВРИ
18:30ч
МЕТАЛУРГ – РАБОТНИЧКИ
САБОТА, 7 ДЕКЕМВРИ
16:00ч
МЕТАЛУРГ 2 – РАДОВИШ
18:00ч
ОХРИД – ВАРДАР ЈУНИОР
18:30ч
ПРОЛЕТ 62 – ПЕЛИСТЕР
ТАБЕЛА: 1. Металург 35 бода (435:327); 2. Охрид 34 (371:295); 3. Бутел Скопје 31 (379:340); 4. Пролет 26 (404:345); 5. Радовиш 19 (380:381); 6. Вардар јуниор 18 (367:384); 7. Пелистер 14 (332:343); 8. Металург II 7 (370:441); 8. Работнички 4 (376:453); 10. Струга 4 (323:428).
ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ
ТОП 5
147 – Давор Палевски (Работнички)
118 – Ивица Илиев (Радовиш)
85 – Иван Џонов (Пролет 62)
76 – Бобан Блажески (Охрид)
75 – Стефан Талевски (Пелистер)