Денеска во центарот на вниманието ќе биде дерби двобојот од Супер машката лига меѓу Охрид и тимот од Автокоманда.
„Гладијаторите“ ја чекаат оваа пресметка по поразот од Вардар, додека момците на Лазаров имаат пет од пет, но покажаа низа слабости на дел од нив.
Мечот почнува од 18:30 часот во СРЦ „Билјанини Извори“, а покрај дербито се играат уште четири средби во машката елитна конкуренција. Најинтересно треба да биде на дуелот меѓу Бутел Скопје и Прилеп. Актуелниот првак Вардар гостува во Струга, додека ќе има натпревари во Богданци и Кавадарци.
На домашна сцена има натпревари од Супер женската лига, како и од Првата машка и Првата женска лига.
Актуелниот првак Ѓорче Петров го игра реваншот од второто квалификациско коло во Лигата на Европа против Бањик Мост од Чешка. „Лавиците“ победија на првата средба со 22-18 и имаат солидна залиха за денешниот реванш од 18:00 часот.
На меѓународна сцена ќе има натпревари од Лигата на шампионите, Лигата на Европа и ЕХФ Европскиот Куп кај дамите, но и еден меч од машката ЛШ, каде ПИК Сегед ќе го пречека Спортинг Лисабон.
Свои настапи во домашните шампионати ќе имаат и македонските интернационалци и интернационалки – Томче Стојановски, Сара Стефаноска, Мартин Томовски, Теодора Дукоска, Сара Миновска, Евгениј Темелкоски, Марко Мишевски, Дејан Кукуловски…
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
12:00 Астибо – Јехона (Македонија)
12:30 Стружанка – Гевгелија Југ (Македонија)
13:30 Овче Поле СУ – Струга (Македонија)
17:00 Младост Богданци -Еурофарм Пелистер 2 (Македонија)
17:00 Атлетик – Пелистер (Македонија)
18:00 Тиквеш – Мулти Есенс (Македонија)
18:00 Бањик Мост – Ѓорче Петров (Лига на Европа)
18:00 Бутел Скопје – Прилеп (Македонија)
18:30 Охрид – Алкалоид (Македонија)
18:30 Струга – Вардар (Македонија)
19:30 Драчево Јуниор – Јехона (Македонија)
16:00 Пресано – Сасари (Италија)
17:00 ПАОК – Зафеиракис (Грција)
18:00 Пишек – Јувента Михаловце (МОЛ Лига)
18:00 Естерхази – Кишварда (Унгарија)
18:00 Рух Калиш – Старт Елблаг (Полска)
19:00 Гепинген – Битигхајм (Германија)
19:00 Шамот – Металопластика (Србија)
19:00 Шкофлица – Горење Велење (Словенија)
20:00 Осиек – Сисак (Хрватска)
20:00 ПИК Сегед – Спортинг Лисабон (Лига на шампиони)


























