Металург со нов силен меч, убедлив и против Бутел Скопје

После победата над Пролет, Металург забележа уште една во домашното првенство, а овој пат таа беше поубедлива. Против Бутел Скопје тимот од Автокоманда славеше како гост со 30:16.

Неизвесно беа само првите неколку минути ког домашните успеаја и да поведат со 2:1 и 3:2. Потоа работите се сменија. Металург дојде до 5:3 и овие два гола беа само стартна позиција за продолжение од средбата. Најголемата предност беше пред заминување на одмор кога Металург водеше со 11:6. Сепак, пред одморот домашните дадоа гол, па на пауза беше 11:7.

Во продолжение беше сосема друга приказна. Бутел Скопје веќе не можеше да се снајде со гостите, па тоа отвори простор за зголемување на разликата. Металург постојано зголемуваше со сигурна игра и дојде до двоцифрена предност така што на крајот беше 30:16 што е и повеќе од доволно за да се биде и понатаму на врвот на табелата со бод повеќе од тимот на Охрид.

БУТЕЛ СКОПЈЕ – МЕТАЛУРГ       16:30 (7:11)

Сала: „Антон Димитров“ во Скопје. Гледачи: 150. Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје. Делегат: Русе Наумовски од Скопје.

БУТЕЛ СКОПЈЕ: Даскалоски, Блажески, Димов 1, Младеновски 4, Стојановски, Ѓеоргиевски 1, Божиновски, Шокоски, Димовски 2, Спасовски, Мојсоски, Милошески, Ацев, печенковски 4, Василевски, Мајиќ 3.

Седмерци: 3/3, Исклучувања: 10 мин.

МЕТАЛУРГ: Дупјачанец, Ѓорѓески, Кондев 2, Јагуриновски 1, Поповиќ 4, Шилегов 6, Танкоски 2, Мариќ 1, Серафимов 5, Лазаревски 3, Младеновиќ, Чантурија 3, Кбилашвили 1, Додиќ 2, Маркоски, Арсеновски.

Седмерци: 1/2, Исклучувања: 6 мин.