Тренерот кој беше на клупата на Вардар при освојувањето на втората титула, Роберто Гарсија Парондо дебитираше како селектор на Египет со победа во четвртокот од 30:26 против селекцијата на Португалија.
Сепак, немаше можност да го повтори овој резултат и при вториот дуел со Португалците. Вториот меч заврши со победа на противникот. Португалија се избори за триумф од 27:26.
И покрај поразот во Египет има задоволство од играта бидејќи на вториот дуел шанса добиле сите играчи, па на овие два дуели Парондо имал можност да провери поголем број на ракометари и да види на кого сè ќе може да смета во следниот период односно до Мундијалот во 2021 година на кој Египет ќе биде домаќин.