По Андреа Лекиќ и Драгана Цвијиќ, можеби уште една ракометарка од славната генерација на Србија ќе се врати во националниот тим.
Голманката Катарина Томашевиќ, која се уште е активна на терените, во тимот на Медицинар, вели дека би можела да се врати во репрезентацијата ако новиот селектор смета дека има потреба.
„Секогаш сум тука за националниот тим, секогаш со радост доаѓав, а последен пат играв квалификации против Словачка. Репрезетнацијата секогаш е нешто наубаво, најголемо и посебно, и не се мери со клуб, нешто што буди најдлабоки емоции. Ако биде потребно, спремна сум да помогнам ако биде потребно, да го одиграм последниот меч за државниот тим и да се опростам од најдрагиот дрес“, изјави Томашевиќ за „Журнал“.
Србија ќе се соочи со незгодната Словенија во бараж двомечот за пласман на Светското првенство во Холандија и Германија.