200 натпревари, над 1000 голови за ветеранот Шмид за Швајцарија

Бекот на Рајн Некар Леван и репрезентацијата на Швајцарија, Анди Шмид го одигра својот 200-ти натпревар за швајцарската репрезентација и ја помина границата од 1000 голови.

Лидерот на репрезентацијата на Швајцарија помогна на својот тим да се обезбеди победата против Италија во последниот натпревар. Гостите беа подобри од домаќините со 30:27. За Шмид ова беше јубилеен 200 натпревар, овој јубилеј го „зачини“ и со надминувањето на границата од постигнати 1000 гола.

За репрезентацијата тој има 1007 постигнати гола и пред него е само Марк Баумгартнер со 1093. Инаку, Швајцарците ги загубија последните два натпревари од Италијанците со 28:32 и 20:26.