17 победи на 17 меча – Митревски и Порто останаа на максимум во Португалија

Екипата на Порто каде што настапува репрезентативниот голман на Македонија, Никола Митревски забележа уште една сигурна победа во домашното првенство откако на домашен терен ја солвлада екипата на Маиа Исмаи со 33:22.

Никола Митревски доби шанса за настап на овој натпревар во вториот дел и забележа три интервенции од кои една од седмерец. Шведскиот стратег на клупата на Порто, Магнус Андерсон ја подели минутажата, двајцата голмани добија по едно полувреме и дадоа свој придонес во победата.

Порто ја оправда фаворитската улога и уште на полувремето ја обезбеди победата кога имаше водство од 16:9. Вториот дел беше формалност и тимот на Митревски рутински стигна до победата.

Порто со оваа победа останува со максимален ефект и се зацврсти на врвот на првенствената табела пред Спортинг. Во следното коло за само два дена Порто и Митревски повторно играат на домашен терен против Повоа.