📸 Kралицата на Данска го „украде“ шоуто

На доделувањето на медалите и трофеите по финалето на Европското првенство се појави и кралицата на Данска, Мери и привлече големо внимание.

Таа од ВИП ложата го следеше интересниот натпревар меѓу Франција и Данска, а потоа заедно со челниците на ЕХФ се појави и на теренот во „Ланксес Арена“.

Кралицата Мери ги доделуваше медалите, а во еден момент на францускиот селектор Гијом Жил му врачи два медали.

Tаа беше единствен претставник на кралското семејство на Данска во Келн и првпат навиваше во живо за ракометната репрезентација откако го доби мандатот.

„Морам да бидам искрен дека во последен момент сфатив дека тоа беше кралицата Мери. Беше прекрасно што таа дојде и не поддржуваше. Го цениме тоа“, кажа голманот Емил Нилсен.

Данците најавија дека веќе на следното големо натпреварување, Олимписките игри во Франција, ќе се обидат да им се реваншираат на големите ривали.