📷Не се на терен, ама навиваат од трибини: Манасков и Стоилов ја бодрат Македонија

Машката репрезентација на Македонија го игра првиот натпревар од двата пријателски против јужниот сосед пред стартот на Европското првенство.

На трибините во СЦ „Борис Трајковски“ меѓу публиката се и двајцата репрезентативци кои до скоро го носеа македонскиот дрес – Стојанче Стоилов и Дејан Манасков.

Манасков не добива повиок од селекторот Кире Лазаров, додека Стоилов ја заврши играчката кариера и сега е во стручниот штаб на Вардар.

Македонија во првата средба пред ЕП славеше против Црна Гора со 54-51, а за утре останува уште „генералката“ против Грците. Нашата селекција е во група со домаќинот Германија, Франција и Швајцарија.