📷🎥 Европските шампиони на прием кај претседателот Макрон

Француските репрезентативци вечерва беа на прием кај претседателот Емануел Макрон во неговата резиденција.

Макрон ја прими делегацијата по враќањето од германскиот град Келн, каде што беше освоена европската титула.

Избраниците на Гијом Жил во големото финале дури по продолженија ја совладаа Данска со 33-31.

Кон крајот на минатата година, Макрон имаше уште еден прием, откако Франција ја освои светската шампионска титула во женска конкуренција.

„Имав огромна доверба во вас, затоа што знам дека мразите да губите“, кратко изјави Макрон на приемот.

Французите во Германија го освоија четвртото европско злато.