🎥 Пречек каков што доликува за шампиони – охриѓани поздравени од илјадници навивачи!

Амбициозниот Охрид ја испиша најсветлата страница во својата клупска историја, освојувајќи го трофејот во ЕХФ Европскиот куп по двојната победа над унгарска Татабања.

По големиот успех на теренот, следуваше и голема прослава во срцето на градот. На градскиот плоштад во Охрид владееше вистинска еуфорија.

Илјадници навивачи ги поздравија своите херои, кои беа пречекани со громогласни овации, музика и богата забавна програма.

Славеничката атмосфера беше дополнета со пиротехника и спектакуларен огномет, а радоста на охриѓани траеше до доцна во ноќта.

Со освојувањето на Европскиот куп, Охрид стана четвртиот македонски клуб што може да се пофали со европски трофеј.

Овој успех претставува круна на една извонредна сезона за охридскиот клуб и уште една потврда за подемот на македонскиот ракомет на европската сцена.

Пречекот на шампионите може да го погледнете ТУКА.