🎥 Одбранетиот зицер на Лесјак во ТОП 5 одбрани на колото во ЛШ

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер ja заврши сезоната во Лигата на шампионите со пораз кај норвешкиот Колстад.

Меѓу подобрите поединци во редовите на пелистерци беше голманот Урбан Лесјак, а една негова одбрана се најде во ТОП 5.

Во изборот на медиа тимот на ЕХФ, зицерот што словенечкиот голман му го одбрани на Сетерблом, заслужи место меѓу најдобрите одбрани.

Покрај Лесјак, во изборот на ЕХФ за ТОП 5 одбрани се најдоа и оние на Норстен, Местриќ, Јенсен и Ернандез.