Џонов: Не испочитувавме некои договорени работи, одиме во Португалија да се бориме 60 минути

Македонија загуби од Португалија со 29-23 во третото коло од квалификациите за ЕП 2024 година, и сега останува да се бори за второто место во групата.

Еден од подобрите на теренот беше Иван Џонов, вели дека клучнен за поразот беше падот во финишот на мечот.

„На толку тежок меч со квалитетен ривал, мора да си концентиран сите 60 минути, не смее да има никаков пад. Мислам дека накај 50 минута имавме пад, и тоа беше клучно. Имавме некои договорени работи што не ги испочитувавме и ривалот успеа да се одлепи на четири разлика“, вели Џонов.

За два дена е реванш средбата меѓу Македонија и Португалија.

„За еден два дена не може да се промени многу. Ќе пробаме некои работи што ги грешевме, да ги поправиме и да одиме да се бориме 60 минути. Одиме таму да се бориме, на нивни терен, да видиме до кај сме и што сме“, заврши Џонов.

Натпреварот меѓу Португалија и Македонија се игра во Матосињос на 12 март со почеток во 18:30 часот.