Женски ракомет на отворено – познати саатниците на турнирот „Ѓорче Куп 2021“

Екипата на Ѓорче Петров ќе биде организатор на меѓународниот ракометен турнир „Ѓорче Куп 2021“ кој ќе се одржи во периодот од 19 до 21 август.

На турнирот освен македонски екипи ќе учествуваат и суперлигашки екипи од Србија, како и младинската репрезентација на Чиле.

Македонски претставници освен Ѓорче Петров ќе бидат и Деспина и Вардар, додека од Србија ќе учествуваат екипите на Бор и Јагодина.

Екипите ќе бидат поделени во две групи и секој тим на почетокот ќе одигра по два натпревари. Првопласираните екипи од првата и втората група ќе го одиграат финалето на турнирот закажано за 21 август.

Група 1: Ѓорче Петров, Бор, Чиле
Група 2: Вардар, Јагодина, Деспина

Распоред на натпревари

19.08.2021, четврток

11:00 часот, Бор – Чиле
19:00 часот, Вардар – Јагодина
20:30 часот, Свечено отворање на турнирот
21:00 часот, Чиле – Ѓорче Петров

20.08.2021, петок

11:00 часот, Јагодина – Деспина
19:00 часот, Бор – Ѓорче Петров
21:00 часот, Деспина – Вардар

21.08.2021, сабота

11:00 часот, натпревар за 5. место
19:00 часот, натпревар за 3. место
21:00 часот, натпревар за 1. место

Вечерните натпревари ќе се играат на отворено на игралиштето покрај ресторанот „Камин Кама“, додека утринските натпревари ќе се играат во сала „Христо Батанџиев“.