Ќе има публика во Задар, но во мал број

Завршниот турнир во СЕХА лигата, сепак, нема да биде пред целосно празни трибини. Денеска на прес-конференцијата по повод Ф4 турнирот беше објавено дека се прави максимумот за на трибините да се најде одреден број нa публика.

„Правиме напори на трибините да има гледачи. Салата во Задар е со капацитет од 6.500 до 7.000 гледачи и правиме максимални напори да спроведеме сè што е до нас за да имаме турнир на кој ќе има публика. Во соработка со здравствените организации публика дефинитивно ќе има, а за точната бројка ќе видиме. Има мал број на влезници, па ќе се обидеме сè да мине без проблеми“, рече на пресот, директорот на СЕХА-лигата, Синиша Остојиќ.

Полуфиналните натпревари се играат утре од 18 и 20:30 часот, додека средбите за пласман се в недела во истите термини.