„Ќе играме во хангар среде нива, ама…“

Tимот на Нексе одигра одличен натпревар во Лигата на Европа и на домашен терен славеше против данскиот ГОГ Гудме со 32:27 со што Хрватите стигнаа блиску до место на фајнл-фор турнирот.

Сепак претстои реваншот во Данска, а тренерот на Нексе, Бранко Тамше знае дека ништо не е завршено и дека мора добро да се одигра и во реваншот. Стратегот на хрватскиот тим пред реваншот посебно ја истакна салата во која ќе се игра натпреварот.

„Таму салата е всушност хангар кој се состои од сали и во кој се играат натпревари во уште две помали сали. Ова не е претерување, ова е навистина така. Тие на домашен терен играат од првата до последната секунда во ист ритам, навивачите ги бодрат во текот на целиот натпревар без разлика дали резултатот е „+10“ или „-10“.  Но, ние имавме некаква генералка против Силкеборг на стартот од сезоната, тоа се два слични тима и мислам дека моите играчи веќе играчи имаат искуство со данскиот ракомет“, изјави Тамше.

Реваншот помеѓу ГОГ и Нексе е закажан за в четврток во терминот од 18:45 часот.