Ќе го паметат ова гостување: Вчера претрпеа пораз, денеска останаа цел ден по аеродроми

Ракометарите на АЕК кои минатиот вторник беа ривали на Еурофарм Пелистер, а на ова гостување битолчани дојдоа до победа од 30:27 вчера загубија и на гостувањето во Португалија кај Спортинг, но минимално со 30:31.

Сепак, гостувањето во Лисабон нема да го паметат само по поразот.

На враќање кон Грција екипата имаше патешествие бидејќи ракометарите допрва ќе треба да се упатат кон Атина откако целиот ден го минаа по аеродроми.

Летот од Лисабон до Минхен доцнеше, а поради недостаток на персонал, ракометарите дополните 25 минути не можеле да го напуштат авионот. Поради тоа не можеле да се качат на авионот кој требало да лета кон Атина со образложение дека бордингот е затворен, па ракометарите уште се во Минхен и го чекаат следниот авион кој би требало да полета за помалку од еден час.

Дефинитивно уште понапорен ден за шампионите на Грција така што ова гостување ќе го паметат бидејќи од 3 часот наутро се во движење и уште не се стигнати дома.