Ќе гори Битола – за мечот со Нексе НЕМА повеќе билети!

Еурофарм Пелистер загуби на првиот натпревар во Нашице од Нексе со 29:26, но се уште ништо не е завршено затоа што хрватскиот состав го чека жешко гостување во Битола.

Дека Битола верува во пресврт во реваншот покажува и тоа што билети за гостувањето на Нексе повеќе НЕМА! Од Еурофарм Пелистер потврдија дека билетите кои биле пуштени во продажба се распродале за само еден час.

Реванш натпреварот од ова осминафинале во Лигата на Европа помеѓу „пелистерци“ и Нексе е закажан за на 5-ти април.