„Ќе бараме од ЕХФ друг термин, инаку натпреварите ќе завршуваат во 23 часот“

Од наредната сезона второто по квалитет европско клупско натпреварување ќе се вика Лига на Европа, а термин за одигрување на натпреварите ќе биде вторник од 18 часот и 45 минути.

Овој термин може да биде проблем за екипите од најисточните делови од Европа, пред се од Москва кои се различна временска зона од средноевропско време. Конкретно во Москва мечевите би завршувале околу 23 часот што не им се допаѓа на луѓето од Чеховски Медведи.

„Терминот за започнување на домашните натпревари не ни одговара, затоа што по промемата во Европа од летно во зимско сметање на времето, ќе мора да ги започнеме натпреварите на ЛЕ од 20:45 часот. Ќе поднесеме барање за дозвола да ги започнуваме натпреварите  во 19 часот според времето во Москва. Навистина, меѓу нашите симпатизери има многу ученици од училиштата, па дури и деца од предучилишна возраст, доколку мечевите започнат околу 21 часот навечер, ќе завршат за нив многу доцна“, беше коментарот од клубот.

Во групната фаза ќе има 24 екипи, а 12 од нив ќе добијат директно место во групите, додека 12 ќе обезбедат место после квалификациите што ќе се играат во две кола.