Људмила Бодниева стана селектор на Русија

Една од легендарните руски ракометарки, Људмила Бодниева, е нов селектор на женскиот национален тим.

Иако Русија освои сребрен медал на Олимписките игри во Токио, сепак тоа беше неуспех за челниците на федерацијата, па решија да не ја продолжат соработката со Алексеј Алексеев.

На негово место доаѓа Бодниева, која своевремено ги носеше дресовите на АКВА Волгоград и Крим Љубљана и беше чест гостин во Скопје кога овие тимови играа со Кометал Ѓорче Петров.

Прв предизвик за Бодниева и женската репрезентација на Русија ќе бидат квалификациите за пласман на ЕП 2022 во Македонија, а потоа и настапот на Мундијалот во Шпанија.