Јуниор КВ сигурен на гостувањето кај Астраион

Ракометарите на Јуниор Кисела Вода продолжуваат во победнички ритам и го држат чекорот со водечките во групата Б од Првата лига. На гостуањето кај Астраион составот на Јуниор КВ триумфираше со 16:24.

Гостинската екипа започна максимално ангажирано и од почетокот создаде убава предност. После воведните 0:3 Јуниор КВ имаше водство од 3:7. Ракометарите на Астраион се обидоа да одговорат но само намалија на 5:7 по што следуваше серија на противникот.

До крајот на првото полувреме Јуниор КВ направи серија од 6:0, противничката екипа ја задржа на само пет гола за 30 минути и беше на чекор до победата. На полувремето беше 5:13. Осумте гола предност беа повеќе од доволни за конечен триумф, во второто полувреме гостите одиграа рутински за нова победа.

Единствен расположен во составот на Астраион беше Иванче Ончев со седум гола, додека во тимот на Јуниор КВ најефикасен беше Филип Димевски исто така со седум гола, петпати прецизен беше Антонио Николовски.