Јохансон отвори карти – Холандија со 18 ракометарки на ЕП во Македонија

Селекторот на Холандија, Пер Јохансон го објави скратениот список на ракометарките што ќе бидат дел од Европското првенство во Македонија.

Јохасон првично стави 14 ракометарки на списокот, кој денеска го дополни со уште четири ракометарки кои беа неизвесни поради повреди, што значи дека „лалињата“ со 18 ќе допатуваат во Скопје.

Станува збор за Дионе Хаусхер и Кели Фолебрехт од данскиот Оденсе, потоа Харма Ван Креј од Борусија Дортмунд и Пип Волфс од шпанскиот Елче.

Јохансон не може да смета на Абинг, Снелдер и Вестер, но тука се Бонт, Полман, Ван Дер Хајден, Малештајн, па Холандија има ростер за високи дострели.

Холандија е ривал на Македонија на ЕП, заедно со Романија и Франција, а континенталниот собир ќе се игра од 4 до 20 ноември.