Јохансон: Македонија ќе го даде последниот атом од силите против нас

Втор противник на Македонија на Европското првенство ќе биде поранешниот светски првак Холандија.

Селекторот на „лалињата“, Пер Јохансон, не очекува лесна задача против еден од трите домаќини на ЕП.

„Ќе имаме тежок натпревар против Македонија. Тие се домаќини на ЕП, но верувам дека и покрај високиот пораз од Франција, против нас ќе се борат до крај и ќе го дадат последниот атом од силите, ќе се обидат да не победат“, вели Јохансон.

Натпреварот меѓу Македонија и Холандија се игра вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток од 18:00 часот.