Јоновски и Лазаров останаа без пласман ранг погоре, Ратинген загуби од Тусем Есен 2

Тимот на Ратинген, каде што тренер е Ацо Јоновски, а играч Филип Лазаров, не успеа да се пласира во Третата Бундес лига.

Ратинген имаше само една пречка пред себе, односно бараж натпревар против Тусем Есен 2, но беше поразен со 27-19.

Иако во првиот дел беше 12-12, сепак во финишот на полувремето Тусем Есен 2 стигна до плус три, 15-12.

Во вториот дел ривалот на Ратинген, комплетно доминираше на теренот и успеа да ја однесе победата.