Јовиќ: Против Татран ќе играат помладите и оние со помала минутажа

Тимот на Еурофарм Пелистер го чека реванш средбата од четвртфиналето на регионалната СЕХА лигата со Татран Прешов.

Тренерот Александар Јовиќ, кој во Прешов е без дел од првотимците, вели дека шанса ќе добијат оние со помала минутажа.

„Нè очекува тежок натпревар. Одлучивме да одмориме 3-4 наши ракометари, кои беа преоптеретени во овој дел на нашето првенство и во СЕХА лигата. На овој натпревар ќе им дадеме поголема шанса и на помладите играчи и на оние кои имаа помала минутажа досега“, вели Јовиќ.

На првиот меч против Татран битолчани победија со 37-29, разлика што би требало да биде доволна за прогрес во следната фаза.

В четврток, Еурофарм Пелистер го чека тежок меч од суперлигашкиот плеј-оф против Алкалоид.