Јовиќ прозиваше, Еурофарм Пелистер 2 стартуваше со подготовките за разигрувањето за титулата (ФОТО)

Тимот што последен обезбеди место во плеј-офот, Еурофарм Пелистер, вчера им се врати на работните обврски и тренерот Александар Јовиќ прозиваше во спортската сала „Јован Калаузи“ во Битола.

Пелистерци го потврдија играчкиот кадар кој го обезбеди разигрувањето, а се очекува и доведување на едно ново име, на позицијата десен бек.

Тимот ќе се подготвува во Битола, а предвидени се и неколку контролни натпревари за брусење на формата пред официјалните натпревари кон крајот на февруари.

Првите два дуели се против Прилеп, следната сабота на гостински терен и за девет дена во Битола.