Јовиќ: Одигравме одлично, нашите голмани ни дадоа поддршка

Ракометарите на Еурофарм Пелистер славеа против хрватскиот вицепрвак Нексе Нашице со 27-23 и од второто место во групата ќе одат во четвртфиналето на регионалната СЕХА лига.

Битолскиот тим одигра одлично во текот на целиот натпревар, со мали осилации во играта, но целосно го надигра хрватскиот вицепрвак

Тренерот Александар Јовиќ, помогнат од Звонко Шундовски, имаше победнички старт на жешката клупа и одново ја врати ракометната еуфорија во Битола.

,,Одлична победа и одличен почеток во мојот нов предизвик во кариерата. Одигравме добар натпревар против одлична екипа и против еден од најдобрите тренери во Лигата, Бранко Тамше. Не игравме добра одбрана во првото полувреме, но со голема енергија и емоции направивме разлика. Нашите голмани одбранија многу важни удари, од нив беа четири пенали и ни дадоа голема поддршка да победиме и да стигнеме до второто место од групата А”, изјави Јовиќ.

Четвртфиналниот ривал на битолчани ќе се бара меѓу Вардар, Татран и Партизан, а ќе биде познат на 27 март, кога ќе се комплетираат сите дуели.

Кизиќ херој против Нексе, Еурофарм Пелистер од второто место во СЕХА четвртфинале!