Јовиќ: Нашата цел беше пласман во плеј-офот, ама се уште не сте го виделе максимумот од моите играчи

Тимот на Еурофарм Пелистер 2 стартуваше со подготовките за пролетниот дел од сезоната во суперлигашкото друштво.

Тренерот Александар Јовиќ вели дека првичната цел е остварена, но дека неговите играчи нема да останат на тоа.

„Нашата цел беше пласман во плеј-офот, иако бевме дел од Б групата, која беше далеку поквалитетна. Одигравме многу неизвесни натпревари, одевме по потешкиот пат и заслужено го обезбедивме плеј-офот. Во овие играчи има уште квалитет. Во првиот дел не успеавме да го извадиме максимумот од нив. Заедно со мојот тренерски тим ќе се погрижиме да го извадиме најдоброто од секого и тоа да го вклопиме во тимска целина, бидејќи само добар тим носи резултат“, вели Јовиќ.

Битолчани ќе се борат за титулата против Еурофарм Пелистер, Вардар, Металург, Струга, Охрид, Пролет и Бутел Скопје.