Јовиќ: Нашата примарна цел беше пласман во плеј-офот!

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 го победија составот на Скопје со 28-23 и го потврдија местото во суперлигашкиот плеј-оф, каде ќе играат трета сезона по ред.

Младите битолчани се помачија со жилавниот домаќин и во вториот дел го скршија неговиот отпор.

Тренерот на Еурофарм Пелистер 2, Александар Јовиќ истакна дека со пласманот во плеј-оф фазата , тимот ја остварил примарната цел за оваа сезона.

,,Екипата на Скопје беше многу мотивирана, ние влеговме опуштено во натпреварот, направивме голем број на технички грешки и имавме многу промашени удари од чисти позиции, па така натпреваров беше интересен за гледање, борбено од двете страни и мислам дека поквалитетниот противник победи. Ние тренерите, никогаш не сме задоволни, секогаш може да биде подобро, мислам дека од залагањето на играчите сум задоволен, но има многу детали кои треба да ги поправиме низ тренанжен процес и натпреварите. Нашата примарна цел беше пласман во плеј-оф фазата. Според моја проценка, плеј-офот ќе биде навистина квалитетен и со тоа ќе имаме квалитетни натпревари на домашен и гостински терен и тие играчи што ги имаме во составот ќе можат во континуитет да напредуваат”, изјави Јовиќ.

Во следното коло, тимот на Еурофарм Пелистер 2 ќе гостува кај Радовиш.

Еурофарм Пелистер 2 го реши Скопје и го потврди местото во плеј-оф!