Јовиќ: Имаме добри индивидуалци кои треба да ги вклопиме во добар тим

Ракометарите на Еурофарм Пелистер утре ги очекува последниот натпревар од групната фаза во регионалната СЕХА лига.

Во Битола ќе гостува хрватскиот Нексе Нашице, а новиот стратег Александар Јовиќ очекува тежок натпревар.

„Нè чека тежок натпревар со една одлична екипа, која преферира динамична игра. Од овој натпревар на секој натпревар ќе играме на победа. Она што го видовме во овој краток период ни дава до знаење дека имаме добри индивидуалци, кои треба да ги вклопиме во добар тим. За тоа треба и малку време. Од играчите барама лавовска бобреност и да го спроведат тоа што го тренираме овие пет дена. Битола е најракометен град и мислам дека во вторник ќе се покажеме во поинакво светло, со многу борбеност со подобар ангажман и од страна на играчите, и од страна на клупата“, вели Јовиќ.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Нексе Нашице се игра во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 18:00 часот.