Јовановски одличен во Алжир, ГС Петролиерс ќе разигрува за титулата

Тимот на ГС Петролиерс, каде што настапува македонскиот чувар на мрежата Мартин Јовановски, забележа убедлива победа во 11 коло од алжирскиот шампионат.

ГС Петролиерс славеше на домашен терен против составот на ОЕО со 35-21 и се наоѓа на првата позиција во втората група од регуларниот дел.

Јовановски бранеше во првиот дел и успеа да забележи десет одбрани.

До крајот остануваат уште пет кола од регуларниот дел, а ГС Петролиерс е најголемиот кандидат за титулата. Во плеј-офот ќе играат осум екипи, по четирите најдобри од двете групи.