Јиха: Пресреќен сум, разликата од првиот дел ни ја обезбеди победата

Тренерот на Кил, Филип Јиха има многу причини за да биде задоволен после победата над Вардар од 31:20. Тој имаше одлична игра со своите момци и вторпат сезонава доаѓа до победа против актуелниот шампион.

„Пресреќен сум од резултатот и обезбедената победа. Изненадени сме од играта и од резултатот кој беше постигнат во првите 30 минути кој е многу висок. Сепак, имавме добра игра и благодарение на одбраната 5-1 и на голманот Ландин што ни овозможи лесни голови. Во вториот дел Вардар играше со двајца ракометари напред и тоа ни создаваше проблеми. Тешко се снаоѓавме, но разликата од првото полувреме беше доволно голема и таа го одлучи победникот“, изјави Јиха.

Кил во следното коло игра против екипата на Монпелје на гостински терен, а и на овој дуел има доста шанси за победа.