Јиха останува „зебра“ до 2023 година!

Чешкиот стратег Филип Јиха, кој успеа да ја врати бундеслигашката титула во Кил по неколкугодишна пауза, доби нов договор со „зебрите““.

Кил обезбеди и учество на завршниот турнир од Лигата на шампионите, па раководството на германскиот гигант не размислуваше и му понуди нов договор, со оглед на тоа што стариот му истекуваше на крајот на сезонава.

„Во последните две години бевме сведоци на огромна посветеност, но и ракометно знаење што Јиха го покажува во тренерската работа. Продолжуваме заедно по патот што го зацртавме, се уште имаме високи цели пред себе и убедени сме дека Јиха  е вистинскиот тренер за нашиот клуб“, изјави од Кил.

Јиха најдобрите денови од кариерата ги мина во бундеслигашот со кој освои две титули во Лигата на шампионите.