Јехона се засили со играчи од Шампион и Риниа М (ФОТО)

Прволигашот од Гостивар, Јехона има две нови имиња во ракометари кои во минатата сезона настапуваа во редовите на Шампион и Риниа М.

Во клубот дојдоа Бојан Маркоски и Орхан Емини и со нив клубот би требало да добие во играта и во напад и во одбрана.

Станува збор за за ракометари од бековската линија кои со себе носат солидно искуство така што е сосема извесно дека во новата сезона Јехона ќе биде посилна отколку лани и нема да биде лесно да се дојде до бодови против овој состав.

И двајцата во минатата сезона имаа важна улога за клубовите каде што играа така што Јехона добива добри засилувања.