Ја однесе репрезентацијата на ЕП и доби нов договор

Селекторот на Австрија, Алеш Пајовиќ поради остварената цел со своите избраници, обезбедениот пласман на Европското првенство 2024, си доби нов договор.

Челниците на австриската ракометна федерација одлучија да го наградат искусниот стратег, кој на кормилото на Австрија ќе остане најмалку до јуни, 2025 година.

Тоа значи дек Пајовиќ ќе ја предводи Австрија на Европското првенство следната година, но и во бараж дуелите за Светското првенство во 2025 година.

Иако Австрија не играше на Светското првенство оваа година, сепак, селекцијата на квалификациите за континенталниот собир успеа да оствари четири победа на исто толку одиграни натпревари и веќе си обезбеди пласман на ЕП.

Австрија во последните две кола од квалификациите за Европското првенство ќе игра против репрезентациите на Романија и Фарски Острови.